Свет ИД киднапирла 200 жители на Киркук

ИД киднапирла 200 жители на Киркук

Џихадистичката терористичка организација Исламска држава зароби повеќе од 200 жители на ирачката провинција Киркук, поради нивната соработка со ирачките владини сили, јавува иранската агенција „Фарс“.

Припадниците на ИД ги обвиниле заробениците дека на курдските сили за самоодбрана „пешмерга“, на милицијата „Ал Хашд ал Шааби“ и на ирачките сили за безбедност им откривале каде се наоѓаат старешините на терористичката организација.

Киднапирањето доаѓа откако ирачките воени сили на почетокот од неделава почнаа нова офанзива против припадниците на ИД во Киркук и успеаја да вратат контрола над повеќе од 50 села.