Свет ИД ја презеде одговорноста за нападот во Каиро

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Каиро

Синајскиот разгранок на џихадистичката Исламска држава ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Каиро при што се ранети најмалку 29 лица, меѓу кои има и шест полицајци.

Милитантите од Синај со бомбашкиот напад му одговорија на египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси на воведувањето на антитерористички закон.

Последната бомба имала големи разорни моќи, е активирана со далечински управувач, а мета било Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението на групата, поврзана со таканаречената Исламска држава во Ирак, Сирија и Либија, се вели дека станува збор за одмазда за извршената смртна казна над шесте нивни членови, осудени за напад и убиство на војници и полицајци.