Видео ИД ја презеде одговорноста за нападот во Багдад

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Багдад

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот на пазарот во багдадскиот квартот Садр. Засега се пронајдени околу 60 тела, а бројот и понатаму се зголемува. Повредени се повеќе од 200 лица.

Камион со бомба е поставен во центарот на еден од најпрометните пазари во Багдад. Бомбата експлодирала и убила најмалку 60 лица, а десетина се во животна опасност.

Службите за спасување и понатаму ги откопуваат урнатините.