Свет ИД изгонета од граничниот премин на Ирак со Сирија

ИД изгонета од граничниот премин на Ирак со Сирија

Ирачката војска и борците на сунитските племиња ги изгонија единиците на Исламска држава (ИД) од подрачјето на граничниот премин Ал Валид меѓу Ирак и Сирија, соопшти денеска ирачката војска. Со протерувањето на ИД од подрачјето Ал Валид се отстранети екстремистите од непосредна близина на американската база, која се наоѓа од другата страна на границата.

Во операцијата учествувале ирачките воени воздухопловни сили и воздухопловните сили на коалицијата, која ја предводат САД.

Ал Валид е во близина на Танф, стратешки важен граничен премин меѓу Сирија и Ирак на автопатот Багдад – Дамаск, каде силите на САД им пружале помош на сириските бунтовници да ја преземат територијата од ИД.