Свет ИД гранатира училиште во Сирија

ИД гранатира училиште во Сирија

Милитантите на Исламска држава гранатирале училиште во градот Деир ал Зор на истокот на Сирија, а од експлозијата загинале најмалку девет лица, соопштија денеска од Сириската опсерваторија за човекови права.

Сириските државни медиуми јавија дека девет девојчиња загинале и оти гранатата што ја испукале терористите ја погодиле областа во Деир ал Зор која е под контрола на владините сили.

Во соопштението на Опсерваторијата се наведува дека бројот на загинатите не е конечен и оти повеќе десетини лица загинале и се ранети во неколкумесечните жестоки напади на градот.