Свет ИД го нападна ирачкиот град Киркук

ИД го нападна ирачкиот град Киркук

Вооружени бунтовници денеска нападнале полициска станица во ирачкиот град Киркук, а борбите сè уште траат.

Според очевидци, во градот се слушнале неколку експлозии, како и истрели од огнено оружје. Засега нема извештаи за жртви.

„Би-би-си“ пренесува дека Исламска држава презела одговорност за нападот и оти нејзините припадници доаѓаат од неколку правци.

Напаѓачи упаднале и во градското собрание, а зазеле и хотел. Повикувајќи се на новинската агенција „Рудау“, „Раша тудеј“ јавува дека борците на ИД наводно упаднале во куќи, џамии и во градинки во Киркук и држат цивили како заложници.

Во градот е воведен полициски час.

Нападот е изведен на почетокот на големата офанзива на ирачката војска за ослободување на градот Мосул од ИД.

Киркук е град богат со нафта и е на околу 290 километри од главниот град Багдад.