Економија „Ибеј“ ќе отпушти околу 3.000 работници

„Ибеј“ ќе отпушти околу 3.000 работници

Американскиот трговски гигант „Ибеј“ (eBay) планира на почетокот на 2015 година да отпушти околу три илјади луѓе, што претставува 10 проценти од вкупниот број на вработени, пренесе „Денар.мк“.

Портпаролот на компанијата не сакаше да го коментира пишувањето на весниците за евентуалното намалување на бројот на вработените, но истакна дека „Ибеј“ во иднинa сака своите активности да ги насочи кон вклучување вo берзанското работење на своите филијали за електронско плаќање „Пејпол“ (PayPal), во втората половина од наредната година.

Истиот извор потсетува дека компанијата ја намали прогнозата за приходите за тековната година, по соопштувањето на кварталните резултати во октомври.