Македонија И НАТО го поздрави Договорот за кој сметаат дека е пресвртница во...

И НАТО го поздрави Договорот за кој сметаат дека е пресвртница во односите во регионот

Заменикот на генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемелер, го поздрави Договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија.

„Договорот потпишан од Бојко Борисов и од Зоран Заев е пресвртница во градењето на односите во регионот во иднина“, напиша таа на нејзиниот твитер-профил.

Договорот помеѓу Македонија и Бугарија го поздравија и  САД, ЕУ и Велика Британија.