Македонија И денеска облачно, од утре сончево

И денеска облачно, од утре сончево

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, а во западните делови, особено претпладне, со повремен дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб, а долж Повардарието повремено умерен северен ветер.

Дневната температура ќе се движи од 12 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветера, а дневната температура ќе достигне 22 Целзиусови степени.

Од утре временските услови ќе се стабилизираат и ќе преовладува стабилно и сончево време, со пораст на дневната температура, која в сабота ќе надмине 30 Целзиусови степени. Доста топло се очекува да биде во јужните делови од земјава и долж Повардарието, каде температурата на повеќе места ќе достигне 30 Целзиусови степени.