Македонија Хуманитарен настан по повод Светскиот ден за борба против епилепсија

Хуманитарен настан по повод Светскиот ден за борба против епилепсија

Здружението „Епилепсија Македонија“ во соработка со Лигата за борба против епилепсија денеска по повод Светскиот ден за борба против епилепсија (Виолетов ден) организираат хуманитарен настан под мотото „Различни, а сепак исти“.

Во рамки на Виолетовиот ден, кој е посветен на напорите за зголемување на свеста за епилепсијата во светот, се организираат настани на плоштадот „Македонија“, во „Скопје сити мол“, како и на градскиот плоштад во Прилеп.

Во „Скопје сити мол“ ќе се одржи едукативно предавање за епилепсијата и проблемите на лицата со таа болест, а поддршка на настанот ќе дадат повеќе артисти со свои настапи.