Uncategorized Хрватска повеќе одвојува средства за црквата отколку за сиромашните

Хрватска повеќе одвојува средства за црквата отколку за сиромашните

Хрватска влада

Католичката црква во последните 10 години од државниот буџет на Хрватска добила 782 милиони евра, пишува хрватскиот весник „Јутарни лист“.

Податокот првпат е достапен за јавноста откако Владата на оваа земја одговори на пратеничко прашање на претседателката на лабуристите, Нанси Тирели. Таа уште во август упати прашање до Владата за тоа колку пари се уплатени од буџетот на сите верски заедници, вклучувајќи ја и Католичката црква, од 2003 година, кога е потпишан договорот за нивно финансирање.
Во Хрватската јавност со години се шпекулираше за висината на сумата со која граѓаните, низ даноци, ја финансираат Католичката црква.

Според податоците што ги достави хрватската влада, останатите верски заедници, како што се српската православна, еврејската и исламската, за 10 години добиле 26,4 милиони евра.

За споредба, хрватската влада годишно одделува по 65 милиони евра за сиромашните, што е 11 пати помалку од сумата што се издвојува за Католичката црква.