Македонија Хонорарците ќе протестираат утре во 11 часот

Хонорарците ќе протестираат утре во 11 часот

Утре, со почеток во 11 часот, пред Министерството за труд и социјална политика ќе се одржи протестот на хонорарците. Според организаторите на настанот, планот е секој хонорарец да поднесе барање за информација од јавен карактер до Министерството, a потоа да им се придружи на останатите пред министерството. Поднесувањето барања се планира да трае два часа.

Урнекот на барањето за информации од јавен карактер можете да го преземете тука.

Прашања можете сами да поставите или можете да преземете некое прашање од листата што може да ја преземете тука.