Македонија Хан утре ќе се сретне со Заев и ќе учествува на седница...

Хан утре ќе се сретне со Заев и ќе учествува на седница на Владата

Еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, утре ќе присуствува на седница на Владата посветена на реформските приоритети, а потоа ќе има заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев, соопшти владината прес-служба.

Хан пред почетокот на седницата ќе има тет-а-тет средба со Заев, а потоа и со владина делегација составена од вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, и од министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Како што соопштија од владината служба, претставниците на медиумите ќе може да фотографираат и да снимат инсерти на почетокот на средбите и на седницата на владата, а другите детали од разговорите ќе бидат соопштени на заедничка прес-конференција.

Остатокот од агендата на еврокомесарот сè уште не е позната, односно сè уште нема детали кога и каде ќе се сретне со лидерите на политичките партии.