Главна секција Хан: На крај ќе постигнеме значаен прогрес за европската перспектива на земјата

Хан: На крај ќе постигнеме значаен прогрес за европската перспектива на земјата

Понекогаш е подобро да имаме интерни разговори за да се постигне напредок и се надевам дека на крај ќе постигнеме значаен прогрес за европската перспектива на земјата, изјави еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски.

Груевски рече дека го информирал Хан за сите случувања во Македонија.

– Ова беше добра можност во еден подолг разговор да го информирам комесарот за сите случувања, за сите наши чекори што ги правиме за различни сектори – во економијата, во сите други сектори и да слушнам како тие гледаат на тоа и што очекуваат од нас. Исто така, поразговаравме и за актуелната политичка ситуација. Го кажавме она што е вистина, односно она што се случува – изјави Груевски.

Хан ќе се сретне и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.