Македонија Хамонд: Македонија може да ги изгуби придобивките од асоцијацијата со ЕУ и...

Хамонд: Македонија може да ги изгуби придобивките од асоцијацијата со ЕУ и НАТО

Британскиот секретар за надворешна политика, Филип Хамонд денеска во Брисел соопшти дека постои поширока загриженост за ситуацијата во Македонија.

– За земја каква што е Македонија, чија траекторија се Европа и НАТО, има јасни стандарди кои очекуваме да ги разгледаме. Очекуваме во сите земји-апликанти да видиме постепено подобрување, рече Хамонд.

Британскиот министер рече дека меѓународната заедница треба да испрати јасна порака дека нема да го толерира назадувањето на земјата.

– Говорејќи отворено и искрено, во случајот со Македонија, изминативе девет месеци или повеќе, видовме дека нештата се движат наназад. Мораме да бидеме многу јасни и отворени со Македонците дека ако видиме оти работите назадуваат, нема да може да напредуваат во соработката со ЕУ и НАТО. Мора да го сменат негативниот тренд, во спротивно ќе ги изгубат сите бенефиции од асоцијацијата со Европската Унија и НАТО – рече Хамонд.