Забава Халуциногени печурки растат во градината на кралицата Елизабета

Халуциногени печурки растат во градината на кралицата Елизабета

Печурка со халуциногени својства, која се нарекува „мухара“, е пронајдена во градината на Бакингемската палата. Засега, никој не се сомнева дека кралицата Елизабета одгледува „волшебни печурки“.

Печурката „amanita muscaria“ е пронајдена во дивините на големата градина што ја опкружува палатата, за време на подготовките за снимање телевизиска емисија.

Халуциногените својства на оваа печурка се одамна познати, а овој вид често се користи и за мрачни ритуали.

Официјалните претставници на палатата денеска соопштија дека во градината растат неколку стотини видови печурки, вклучувајќи и некои халуциногени, на кои тука им е природно живеалиште. Тие, сепак, нагласија дека печурките од градината не се користат за подготвување јадења за палатата.