Забава Групата „Ај кју“ со нов албум и со концетрна турнеја

Групата „Ај кју“ со нов албум и со концетрна турнеја

Групата „Ај кју“ го промовираше својот втор албум „Само сакав“ во издание на „Горила продукција“.

На албумот се најдоа 11 композиции, меѓу кои и нивните познати песни „Боби баш ми е гајле“, „Колку пати“, „Иста патека“, „Не заборавај“.

На промоцијата во „Пивница“, групата ја најави својата концертна турнеја, која почнува со настапи во дискотеки и во клубови во јули.