Македонија Груевски во Индија ги презентираше можностите за инвестирање

Груевски во Индија ги презентираше можностите за инвестирање

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, и владината делегација, во чиј состав се и министерот за привлекување странски инвестиции, Џери Наумоф, заменик-министерот за економија,  Христијан Делев, и заменик-директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции и промоција на извозот, Климент Шекеровски, присуствуваа на бизнис-форум во градот Џајпур, Република Индија, каде беа презентирани можностите за инвестирање и за водење бизнис во Република Македонија.

Бизнис-форумот во градот Џајпур се одржа во соработка со Конфедерацијата на индиската индустрија, која е најголемата стопанска комора во Република Индија.

Премиерот Груевски изјави дека Владата е фокусирана кон реализација на мерки за унапредување на економијата и кон овозможувањето добра бизнис-клима, за што се преземаат бројни реформи, при што ги истакна и позитивните макроекономски индикатори.