Македонија Груевски се сретна со Македонците во Њу Џерси

Груевски се сретна со Македонците во Њу Џерси

Премиерот Никола Груевски се сретна со претставници на македонската дијаспора во Њу Џерси, САД.

Во своето обраќање, тој ја истакна значајноста на македонската дијаспора во промоцијата на македонските интереси, истакнувајќи дека Владата и понатаму ќе продолжи да ги остварува заложбите за унапредување на соработката со иселениците и ќе продолжи да спроведува проекти кои се од интерес за дијаспората.

Тој ја посочи и значајноста на финансиските контрибуции кои македонските иселеници ги упатуваат на членовите на своите семејствата што живеат во нашата земја и истакна дека иселениците се значаен сегмент од македонската нација, кои служат како мостови за соработка со земјите во кои живеат.