Македонија Груевски промовираше седум нови проекти за младите

Груевски промовираше седум нови проекти за младите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска во Музејот на македонската борба за државност и самостојност промовираше седум мерки за младите, кои, како што рече, треба да придонесат за подобрување и за унапредување на положбата на младите и да ги подобрат и осигураат нивната иднина.

Со мерките се предвидува поедноставување на административните процедури и обврски на студентите кон факултетот, намалување на партиципацијата за 50 отсто за студентите кои се запишале на државните универзитети со кофинансирање, доколку постигнат успех од 8,5.

Груевски, исто така, најави организирање саем на средношколски иновации, како и изградба на отворен пливачки базен во општина Шуто Оризари, нова спортска сала за Факултетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, и две сали во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје –  затворена тениска арена и гимнастичка сала.

Со денешните нови седум мерки, бројот на идните проектите наменети за младите се искачи на 27.