Македонија Груевски: Отпишани долговите на 13.100 граѓани

Груевски: Отпишани долговите на 13.100 граѓани

Отпишани се долгови на 13.100 баратели во вредност од 25 милиони евра, изјави денеска премерот Никола Груевски.

– Процесот успешно се одвива. 25 милиони евра, да им се простат на луѓе од ранливи категории кои имаат сериозни тешкотии да си ги платат долговите, е навистина сериозна помош за тие луѓе и за тие семејства. Од тој аспект она што го ветивме на изборите минатата година, можам да кажам дека веќе 90 отсто е реализирано, а останатите 10 отсто ќе бидат реализирани во наредните недели и месеци – рече Груевски во изјава за медиумите при денешната посета на Дојран.