Македонија Груевски: Ние сме отворени за разговори

Груевски: Ние сме отворени за разговори

„Ние сме партија која што е насочена кон изнаоѓање на решенија за проблемите, и од тој аспект, отворени сме за разговор за надминување на сегашните“, изјави денеска лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски, пред почетокот на состанокот на Централниот комитет на партијата, кој ќе се одржи вечерва во Охрид.

-Ние сме отворени за разговори. Ние сме партија која што е насочена кон изнаоѓање решенија за проблемите, и од тој аспект, отворени сме за разговор за надминување на сегашните проблеми. Мислам дека преговорите ќе продолжат – изјави Груевски.

На состанокот ЦК на ВМРО – ДПМНЕ се очекува да се донесат заклучоци и насоки за дејствувањето на партијата, во однос на актуелните прашања, во наредниот предиот.