Главна секција Груевски: Нема да има избори, но ќе има одговор

Груевски: Нема да има избори, но ќе има одговор

Премиерот Никола Груевски се обрати на трибината на ВМРО-ДПМНЕ во СЦ „Борис Трајковски“.

Тој на опозицискиот СДСМ му порача дека нема да има избори.

– Нема потреба да се плашите, нема избори, но ќе има одговор – рече Груевски, според кој, „во делата е вистината и во изграденото е вистината“.

Сите министри во Владата на Република Македонија, членовите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ со премиерот Никола Груевски и со неговата сопруга, се присутни на трибината на ВМРО-ДПМНЕ.

Салата е целосно исполнета, а пред Спортскиот центар има, исто така, многу граѓани.

На почетокот се обратија актерот Тони Михајловски и бранителот Јохан Тарчуловски, кој обраќањето го заврши со повикот „Да живее Македонија, обединета Македонија“.

Во уметничко-забавниот дел, настапија членовите на ансамблот „Танец“, кои исполнија македонски патриотски песни.

Трибината почна со македонската химна, која ја испеа Калиопи.