Македонија Груевски: Не прифаќам закани, местенки и уцени

Груевски: Не прифаќам закани, местенки и уцени

Ќе слушате разни шпекуации, но за сè што е кажано од наша страна, ќе има цвсти докази во текот на судската постапка, истакна на денешната прес-конференција премиерот Никола Груевски.

– Од септември до ноември 2014 година, имав четири средби со лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Првата беше на негово барање, а сите останати беа поврзани со првата. Тој на првата средба ми кажа дека итно бара техничка влада и дека странска разузнавачка служба го снабдила со снимени телефонски разговори со највисоки државни функционери, како што се претседателот, министри, пратеници, новинари и многу други. Неколкупати го прашав дали е сигурен во тоа што го зборува, на што тој потврдно ми одговори. Ми раскажа и дел од телефонските разговори, кои, морам да признаам, дел се точни, дел се половично точни и дел се измислени. Фактот дека дел од разговорите се точни, укажува на сериозноста на ситуацијата. Не можев д разберам како лидерот на опозицијата, кој претендира да ја води државата, со гордост и со самоувереност говори дека соработувал со странска разузнавачка служба што е нелегално, протизваконски и противуставно – изјави Груевски.

Тој рече дека денеска до јавното обвинителство се поднесени четири кривични пријави, меѓу кои и за Заев, за шпионажа и за насилство кон највисоки државни органи.

– Со ова се прави штета на државата. Можеби многу луѓе нема да можат да разберат зошто го направивме ова затоа што Заев е најпосакуваниот политички противник, но имаа нешто пред што не може да се замолчи и да се премолчи, а тоа е нанесување штета на државата. Почитувани граѓани, запрашајте се што би направил секој од вас да е на мое место. На сите им порачувам дека закани, уцени и местенки не прифаќам и не проаѓаат и на сите инволвирани јавно им порачувам дека ние не сме Македончиња, туку Македонци. Сакам да знаете дека во текот на судската постапка, која ќе биде отворена за домашната и за странската јавност, ќе одговорам на сите порашања. Исто така, сакам да знаете дека од денеска ќе слушате разни шпекуации, но за сè што е кажано од наша страна, ќе има цвсти докази – рече Груевски.

Претходно во полициската акција „Пуч“, осомничен е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој заедно со Зоран Верушевскии со уште две лица, се товари за обид за загрозување на уставниот поредок и за недемократско преземање на власта, односно суспендирање на волјата на граѓаните.

Како што информират од МВР, во досегашната истрага било утврдено дека осомничените лица, преку употреба на незаконски средства на следење и на шпионирање и со закани кон високи државни функционери, сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги.