Македонија Груевски: Народот е тој што одлучува во оваа земја

Груевски: Народот е тој што одлучува во оваа земја

„Никој не може да побегне од народот бидјеќи токму народот е тој што одлучува во оваа држава. Ние веруваме во народот“, рече премиерот Никола Груевски по лидерската средба во Клубот на пратениците.

– Ние веруваме во одлуките на народот, веруваме дека знае да направи правилен избор и затоа ни беше важно колку што е можно побргу да има избори и народот да може да си донесе одлука и да каже кому му верува за понатаму. Народот знае да го препознае тоа, знае да препознае што се политички игри и интриги и нечесен начин и обид за доаѓање на власт, а што е работење, правење проекти, дела, реформи, отворање нови работни места – изјави премиерот Груевски.