Македонија Груевски на средба со високи европски претставници денеска во Брисел

Груевски на средба со високи европски претставници денеска во Брисел

Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска во Брисел ќе има средба со високи европски преставници за да се надмине политичката состојба во Македонија.

Утре во Луксембург, министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во Македонија и се очекува да се донесе заклучок за надминување на политичката криза во земјава.