Македонија Груевски: Јанева работи непрофесионално, пристрасно и необјективно

Груевски: Јанева работи непрофесионално, пристрасно и необјективно

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, денеска како одговор на новинарско прашање како ја оценува работата на специјалната јавна обвинителка, рече дека не е задоволен од нејзиното работење.

– Далеку од нашите очекувања во однос на професионалноста, непристрасноста и во однос на објективноста – кратко изјави Груевски.

Груевски ова го изјави по промоцијата на нови 25 наслови од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“.