Македонија Груевски го информирал Бјорнстад за нарушување на предизборниот процес

Груевски го информирал Бјорнстад за нарушување на предизборниот процес

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретнал со амбасадорот на Кралството Норвешка во Македонија, Арне Санес Бјорнстад.

На средбата, како што информираат од партијата, се разговарало за актуелната состојба во државата и за стратешките интереси на Македонија.

Груевски го запознал својот соговорник со актуелната политичка состојба и со одвивањето на предизборниот процес.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нотирал прекршувања и нарушувања кои, како што се вели во партиското соопштение, фрлаат темна дамка на предизборниот период и на демократскиот амбиент кој треба да е присутен.