Економија Груевски ги повика индиските компании да инвестираат во Македонија

Груевски ги повика индиските компании да инвестираат во Македонија

Индиските компании се добредојдени да инвестираат во Македонија, изјави премиерот Никола Груевски по средбата со индискиот премиер Нарендра Моди, одржана на маргините на глобалниот самит „Вибрант Гуџерат“ во Ахмадабад, Индија.

Како што јави „Македонската радио телевизија“, Груевски го информирал својот индиски колега за македонската економија, како и за постигнатите резултати кои се препознаени од Светската банка, која нè рангира на 30. место во светот од 189 економии.

– Во глобалниот свет можностите не доаѓаат сами од себе. Тие треба да се креираат. Затоа потребно е да се биде иновативен и да се продолжи со унапредувањето на перформансите и на можностите. Тоа беше и движечката сила на сите клучни политики кои се спроведоа во последните неколку години во Македонија – изјави премиерот Груевски.

На самиот првпат учествуваат САД, Велика Британија, Јапонија, Холандија, Канада, Австралија и Сингапур.