Македонија Груевски ги посети Моране, Студеничани, Долно Количани, Љубош, Батинци и Цветово

Груевски ги посети Моране, Студеничани, Долно Количани, Љубош, Батинци и Цветово

Премиерот Никола Груевски придружуван од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директори на повеќе јавни градски претпријатија денеска ги посети Моране, Студеничани и Долно Количани.

За време на средбите со премиерот граѓаните побараа продолжување на автобуската линија на ЈСП до центарот на Моране, а Трајановски доби задолжение од Груевски да го направи тоа во најкус можен рок.

Од средбите со граѓаните произлезе и договорот Министерството за транспорт и врски да ја разгледа можноста да и се помогне на општина Студеничани да се изгради пречистителна станица, но и да се решат проблемите со со снабдување со електрична енергија.

Жителите на Долно Количани побараа да бидат патно поврзани со општината и да им се подобри водоснабдувањето.

Премиерот Груевски исто така ги посети и Љубош, Батинци и Цветово и го сослуша потребите на граѓаните и најави дека ќе ги разгледа нивните барања и ќе се обиде да им излезе в пресрет.