Македонија Груевски: Досега се инвестирани 43 милиони евра за катни гаражи

Груевски: Досега се инвестирани 43 милиони евра за катни гаражи

Во Македонија досега се изградени осум катни гаражи, од кои повеќето во Скопје, и со оваа бројка во значајна мера ќе се задоволат потребите за паркирање, изјави премиерот Никола Груевски, по посетата и по увидот во градежните активности за изградбата на новото средно училиште во Сарај.

– Во овие изградени осум катни гаражи има околу 2.700 паркинг-места, во дополнителните што се градат приближно околу 1.000 места и во тие пет што ќе се изградат – уште дополнителни околу 2.000 места за паркирање – изјави премиерот и најави дека следната недела ќе се отвори нова катна гаража „Тодор Александров“, спроти Министерството за финансии. Според него, досега Владата, локалната самоуправа и Градот Скопје инвестирале 43 милиони евра за градба на катните гаражи.