Македонија Груевски – Дол: Опозицијата да се врати во Собранието

Груевски – Дол: Опозицијата да се врати во Собранието

Премиерот Никола Груевски претпладнево се сретна со првиот човек на најголемата Европска народна партија (ЕПП), Жозеф Дол.

– Го информирав Дол за состојбата во Република Македонија, вклучително и за актуелностите поврзани со случајот „Пуч“ и со деталите околу него. Тој внимателно слушаше и прашуваше за одредени детали и многу се интересираше. Неговото мислење е дека македонската опозиција треба да се врати во Собранието и таму да се решат работите – истакна Груевски.

Според премиерот, Жозеф Дол презел обврска и понатаму да го следи одблиску случајот, да се информира и, доколку е потребно, и лично да помогне во иднина.

Груевски ќе присуствува на Самитот на Европската народна партија.