Главна секција Груби: Состанокот на работната група помина добро

Груби: Состанокот на работната група помина добро

Состанокот на работните групи на најголемите политички партии во земјава заврши час и половина по почетокот.

Претставниците на политичките партии по состанокот не дадоа изјави, освен претставникот на ДУИ, Артан Груби, кој оцени дека состанокот поминал добро.

На денешната втора средба неделава, тема на разговорите биле избирачкиот список и учеството на дијаспората на изборите. Прашањето за Државната изборна комисија, наводно, ќе биде на дневен ред на некоја од следните седници на работните групи.

Тимот на СДСМ денеска го сочинуваа Радмила Шекеринска и Дамјан Манчевски, додека Никола Попоски и Никола Тодоров, како и на претходните средби, ги застапуваа интересите на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Претставници од ДУИ беа Муса Џафери, Артан Груби и Фатмир Бесими, а од ДПА – Имер Алиу, Беким Фазлиу и Луан Треси.