Македонија Груби: Иванов да најде правен начин за повлекување на одлуката за аболиција

Груби: Иванов да најде правен начин за повлекување на одлуката за аболиција

„Кризата мора да се реши веднаш затоа што целото општество е веќе преморено од отсутност на нормалност, стабилност, сигурност, мир, од немањето можност за развивање бизнис, за отварање нови работни места и за развој на економијата, но и од секојдневната можност за судири и за насилство“, пишува Артан Груби, шефот на кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во статус на својот профил на „Фејсбук“.

Тој смета дека „аболираните од Иванов веднаш треба да побараат од него да ја повлече одлуката за да ги аболира нив, а тој самиот мора да најде правен начин за итно повлекување на одлуката која непотребно ја искомплицира ситуацијата, но и поттикна бранови протести“.

– Специјалното јавно обвинителство треба да продолжи со својата транспарентна работа, без партиски, политички, етнички, верски ниту групни влијанија, но во согласност со законот и со владеењето на правото заедно со поддршка од сите нас. Државната изборна комисија, како независна институција составена и од експерти, треба да продолжи со работата за прочистување на избирачкиот список без никакво влијание од политичките партии – пишува, меѓу другото, во статусот на Груби.