Забава „Грин бич фестивал“ на 1 август во Охрид

„Грин бич фестивал“ на 1 август во Охрид

Дводневно, шесто издание на „Грин бич фестивал“ годинава се најавува во Охрид, пренесе Радио МОФ.

Покрај настапот на светски познатиот диџеј и продуцент Фед ле Гранд, на 31 јули на плажата Парк, на истата локација на 1 август се најавува настапот на Кирил Џајковски и ТК Вондер, кои првпат ќе бидат дел од овој фестивал.

Целодневната саботна програма ќе биде пополнета и со настапи на повеќе атрактивни македонски диџеи.