Македонија Гранати од Прва светска војна пронајдени во селото Градешница

Гранати од Прва светска војна пронајдени во селото Градешница

Се работи за една артилериска граната калибар 155 мм, една авионска бомба 10 (4,5 килограми) и една артилериска граната калибар 75 мм, сите по потекло од Првата светска војна

Фото: Мета.мк

Жител на селото Градешница, општина Могила, пронашол три стари гранати од Првата светска војна. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, завчера, во СВР Битола, Љ.Ѓ. пријавил дека во селото пронашол три стари гранати.

„Следниот ден, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ги подигнал експлозивните средства и констатирал дека се работи за една артилериска граната калибар 155 мм, една авионска бомба 10 (4,5 килограми) и една артилериска граната калибар 75 мм, сите по потекло од Првата светска војна“, информира МВР.

За случајот информираше и Регионалниот ЦУК Битола.

„Отстранета е потенцијална голема опасност по луѓето и околината. Безбедно се отстранети неексплодирани убојни средства. Со гранатите ќе се постапи според процедурите, односно тие безбедно ќе уништат“, велат во ЦУК.