Свет Свет Граната експлодира пред руската амбасада во Дамаск

Граната експлодира пред руската амбасада во Дамаск

Едно лице загина, а тројца се повредени при експлозија на граната во близина на руската амбасада во Дамаск, јавува „Раша тудеј“.

Сите жртви се Сиријци, а меѓу нив има и еден припадник на обезбедувањето на амбасадата.

Портпаролката на руската амбасада ја потврди информацијата, додавајќи дека сите жртви се сириски безбедносни припадници. Ова е вторпат неделава граната да експлодира во близина на руската амбасада. Во првата експлозија, која се случи во вторникот, немаше загинати, ниту повредени.