Економија Граѓаните ќе може да увезуваат половни возила само со стандард „еуро 4“

Граѓаните ќе може да увезуваат половни возила само со стандард „еуро 4“

Рокот за увезување половни возила што се постари од 2005 година истекува на 1 јули и по овој датум граѓаните ќе можат да увезат половни возила само со стандард „eуро 4“ или повисок.

Граѓаните кои купиле половно возило со стандард „еуро 3“ имаат рок до 30 јуни да ја платат царината и да ги завршат сите увозни процедури. Рокот за хомологација засега е неограничен.

Одлуката за ограничување на увозот беше донесена уште во 2013 година и имаше одложено дејство.

Увозниците на нови возила тврдеа дека возилата со ниски еуро-стандарди се едни од главните предизвикувачи на загаденост на воздухот зиме.