Галерија Граѓаните побараа оставка од Тодоров

Граѓаните побараа оставка од Тодоров

Почна протестот со кој се бара оставка од министерот за здравство, Никола Тодоров, поради смртта на Тамара. Демонстрантите се опремени со црвени картони, а носат и транспаренти на кои пишува „Оставка“, „Тодоров народот ти даде отказ“, „Вашиот термин дојде“, „Хорор во болниците“…

Маршот почна пред Фондот за здравствено осигурување, а ќе заврши пред Министерството за здравство.

Веста за оставката на директорката на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнаџиева-Змејкова, ја поздравија насобраните граѓани, а родителоте на Тамара ја примија со солзи во очите.