Главна секција Граѓани со песни и со знамиња се упатуваат кон плоштадот Пела

Граѓани со песни и со знамиња се упатуваат кон плоштадот Пела

Неколку илјади граѓани, предводени од политичари, се движат кон плоштадот Пела, каде сè е подготвено за народниот собир „Македонија силна“, во организација на ВМРО-ДПМНЕ, кој треба да почне во 20 часот. Во колоните се пее песната „Земјо македонска“.

На собориот се очекува да се обрати премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и уште неколку говорници.

Пред Порта „Македонија“ поставена е голема бина, а околу Собранието се блокирани речиси сите улици и поставени се заштитни огради кои го одбележуваат просторот до каде може да се стои.

Голем број автобуси пристигнаа во Скопје од сите делови на Македонија.

На собирот ќе присуствува и европарламентарецот Ричард Ховит, откако вчера присуствуваше на антивладиниот протест.

На собирот што го организира ВМРО-ДПМНЕ, како што рече Груевски, ќе се искаже поддршка на државата во овие тешки моменти, за сите кои се борат за Македонија, за безбедносните сили, за сите сили што даваат напори Македонија да излезе од овој процес, да се заврши оваа криза и да се продолжи по патеките на напредокот, на отворање нови работни места, на носење крупни инвеститори во Македонија, на зголемување на платите, на пензиите, на социјалната помош, по патеките на силна поддршка на земјоделците.