Македонија Град Скопје воведува трепкаво зелено светло

Град Скопје воведува трепкаво зелено светло

Од утре Град Скопје ќе почне со воведување на трепкаво зелено светло на светлосните сигнали на крстосниците на подрачјето на Град Скопје, во согласност со Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Во наредните петнаесетина дена трепкаво зелено светло ќе се воведе на сите семафори во Скопје, а на терен ќе работат екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“.

Трепкавото зелено светло се воведува за предупредување на учесниците во сообраќајот дека завршува зеленото светло и слободното минување и дека ќе се вклучи жолто, односно црвено светло.

Трепкавото зелено светло се воведува за да се овозможи дополнително информирање на возачите, што ќе придонесе за зголемување на безбедноста на семафоризираните крстосници на подрачјето на градот Скопје.