Хроника Гостиварец загина во сообраќајка

Гостиварец загина во сообраќајка

Педесетгодишен гостиварец загина во сообраќајна несреќа, откако вчера десетина минути по полноќ со своето возило излетал од локалниот пат што ги поврзува гостиварските села Куново и Беловиште и паднал во бездна.

Како што соопшти полицијата, гостиварецот од излетувањето добил тешки телесни повреди, на кои подоцна им подлегнал. Телото на починатиот го пронашле случајни минувачи вчера, околу 13 часот.

Јавен обвинител и екипа од полициската станица од Гостивар извршиле комплетен увид и се утврдува причината за несреќата и околностите во кои се случила. Првично, причина е неприлагодена брзина според условите на патот. По наредба на јавен обвинител, врз безживотното тело е извршена обдукција.