Хроника Гостиварец пронајден со 25 пакетчиња хероин

Гостиварец пронајден со 25 пакетчиња хероин

Гостиварската полиција пронашла 25 пакетчиња со хероин кај гостиварецот А.Ш од село Добридол, за што поднела кривична пријава.

„Синоќа, во три часот во Гостивар, на улица Борче Јовановски, А.Ш. од село Добридол, кога ги забележал полициските службеници кои вршеле редовна служба, се дал во бегство и во своја близина фрлил една кеса. Од полициски службеници А.Ш. е фатен и приведен во полициска станица, а при извршен преглед на местото на настанот, пронајдена е кесата со 25 пакетчиња со непозната прашкаста материја, најверојатно хероин“, соопштуваат од МВР.

Гостиварската полиција против А.Ш. поднела кривична пријава поради постоење основи на сомевање за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, за што од судија на претходна постапка му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, а пронајдените пакетчиња се подигнати и предадени за вештачење.