Македонија Ѓорѓиев: Одлуката за Вранишковски е на судот, а не на Владата

Ѓорѓиев: Одлуката за Вранишковски е на судот, а не на Владата

Судската, а не извршната власт ја има донесено одлуката за условен отпуст на Јован Вранишковски, соопшти портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

– Како Влада, ќе ја почитуваме одлуката на судот, а за мотивите, причините и за околностите што довеле до оваа одлука, целисходно е да се обратите кон органот што ја донел, а тоа е судот – препорача Ѓорѓиев, додавајќи дека Владата принципиелно ги поддржува сите активности кои водат кон надминување на предизвикот што го има Македонската православна црква во рамките на својата меѓународна комуникација.

Портпаролот истакна дека не би било соодветно Владата да ја коментира судската одлука, имајќи предвид дека судската и извршната власт се независни една од друга.