Македонија Ѓорчев прогласи победа на ВМРО-ДПМНЕ со разлика од 20.000 гласа

Ѓорчев прогласи победа на ВМРО-ДПМНЕ со разлика од 20.000 гласа

„Благодариме Македонијо! Победивме уште еднаш“, изјави вечерва Влатко Ѓорчев, прогласувајќи десетта победа по ред за ВМРО-ДПМНЕ.

– Браќа и сестри, денеска на 11 декември се случи десетта победа на ВМРО-ДПМНЕ. Семафорот покажува разлика од 390.000 спрема 370.000 гласови – рече Ѓорчев, истакнувајќи дека разликата е 20.000 гласови.

Тој посочи дека на овие избори не се бореле само против СДСМ, туку против цел блок и додаде дека без разлика на сите обиди да ги соборат, ВМРО-ДПМНЕ, како шро рече, останала на нозе.

– И по 71 година, СДСМ само еднаш има победено на избори и тоа на 15 септември 2002 година, со лажни ветувања – рече Ѓорчев.

Тој му честита на СДСМ за победите што ги освоил, но на сметка на албанските партии.