Спорт Голем ракометен бод во Чешка

Голем ракометен бод во Чешка

Македонската ракометна репрезентација остана непоразена (27-27) на гостувањето во Чешка, во рамките од второто коло од квалификациите за Европското првенство 2016 година во Полска и освои голем бод.

Во првиот дел, одбраната беше таа што не функционираше најдобро, и покрај расположениот Борко Ристовски, кој прими дури 18 голови. Во второто полувреме, Македонија полека почна да ја топи предноста на домаќините, која на самиот почеток изнесуваше осум голови (19-11).

Капитенот Кире Лазаров постигна 10 голови. Во еден момент Македонија имаше можност да дојде до водство при резултат 25-25, но Лазаров не успеа да реализира пенал.

Борко Ристовски успеа да фати 20 топки, од кои неколку во клучните моменти.

Следниот натпревар Македонија го игра во април 2015 година, со Франција, но на домашен терен.