Свет Свет Голем пораз за ИД во Сирија, бунтовниците го освоија Дабик

Голем пораз за ИД во Сирија, бунтовниците го освоија Дабик

Сириските бунтовнички сили, кои имаат поддршка од Турција, го презедоа градот Дабик од припадниците на Исламска држава.

За членовите на џихадистичкото движење овој мал град на северот од Сирија има големо значење поради пророштвото за „апокалиптичка битка“, која ИД често ја користи во својата пропаганда.

Бунтовниците влегоа во Дабик по повлекување на припадниците на Исламска држава, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права.

Заземањето на Дабик е дел од широката офанзива на сириските бунтовнички сили.