Спорт Голден стејт во серија од 11 победи

Голден стејт во серија од 11 победи

Кошаркарите на Голден стејт вориорс со 112-85 славеа против Њу Орлеанс, со што ја забележаа 11. победа во низа. Најефикасен на овој натпревар беше Ентони Дејвис од поразениот тим, кој постигна 30 поени. Клеј Томпсон за тимот на Сан Франциско постигна 23 поени, Стефон Кари забележи 19 поени, а имаше и 12 асистенции.
Кошаркарите на Њујорк никс го забележаа шестиот пораз во низа, губејќи од екипата на Кливленд со 90:87. Кајри Ирвинг постигна 37 поени, а Леброн забележа 19 поени, 12 асистенции и пет скока. Портланд ја победи Индијана со 88:82, а Ламаркус Олдриџ беше еден од најзаслужните за победата, постигнувајќи 18 поени и 13 скока.