Свет Европа Годинава во Германија пристигнале 964.574 мигранти

Годинава во Германија пристигнале 964.574 мигранти

Германија во ноември одобрила 206.101 барање за азил, што е нов рекорд во земјата во која од почетокот на годинава се регистрирани 964.574 мигранти, соопшти денеска германското министерство за внатрешни работи.

Бројот на баратели на азил се зголемил во споредба со октомври, кога во земјата стигнале 181.166 мигранти.

Се предвидува дека годинава во Германија ќе има повеќе од еден милион баратели на азил, иако Берлин најави дека до крајот на 2015 година очекува доаѓање на 800.000 мигранти.

Сепак, не е соопштена националноста на поднесувачите на барањата за азил.

Според претходните статистики, во октомври имало најмногу Сиријци (88.640) и Авганистанци (31.000) кои барале азил во Германија.