Хроника Го киднапирале, го претепале и го пуштиле

Го киднапирале, го претепале и го пуштиле

Вчера, околу 15 часот, во скопски Момин Поток, Љ.Т. (36), од страна на три вооружени лица, бил насилно внесен во засега непознато возило, каде што бил удиран, а потоа бил однесен во УО „Пеливан“, каде повторно бил малтретиран и тепан во некоја од просториите и подоцна пуштен. Трите лица, С.М. (29), Д.М. (53) и Џ.М. (31), сите од Скопје, се приведени и по целосно документирање на настанот против истите ќе биде поднесен соодветен поднесок.